Услови и правила за користење

Цени

Сите цени на нашата страница се дадени во македонски денар и со вклучен данок на додадена вредност со процентуалната даночна стапка за одредениот производ врз основа на закон.

Испорака

Доколку не е друго договорено, продавачот ја носи одговорноста за испорака на производот, заклучно со сите цени и рокови што му се дадени до знаење на купувачот. Се задржува правото продавачот благовремено да го извести купувачот за било какви измени со пратката. Се до моментот на достава на производот, одговорноста паѓа на продавачот за одржување и доставување до купувачот.

Достава и ризик од губење

Одговорноста за производот паѓа на товар на продавачот се до моментот кога купувачот ќе ја прими пратката односно производот кој е порачан да се испорача на таа адреса, од тој момент купувачот ја сноси целата одговорност за производот од ризик на губење, кражба и слично за кое продавачот не може да сноси одговорност.

Откажување или измени

Секоја нарачка што е поднесена и прифатена од Продавачот, може да биде откажана односно изменета исклучиво врз основа на писмена односно електронска согласност од страна на продавачот. Продавачот нема да прифати откажување или измена на нарачка доколку производот е доставен за испорака до надлежното лице односно курир, под исклучок сите трошоци за враќање на производот и други трошоци да бидат на товар на купувачот. Продавачот нема да прифати откажување нарачки или производи што не се стандардни или пак со цени што не се стандардни. Продавачот го задржува правото да откаже нарачка која не исполнува основни услови за нејзино процесирање, и се обврзува да му ја надомести цената на купувачот во случај производот да е платен а да биде откажан, како и благовремено да го извести за состојбата на нарачката.

Даноци

Сите цени што се дадени на нашата страница се предмет на оданочување, и сите цени се прикажани со вклучен данок одредена врз основа на закон за тој вид на производ. Данокот за производите купени преку нашата страна паѓаат на товар на купувачот.

Гаранција и изјава за гаранција

ВЕ МОЛИМЕ ПРЕД УПОТРЕБА НА ПРОИЗВОДОТ ВНИМАТЕЛНО ДА ГО ПРОВЕРИТЕ ПРОИЗВОДОТ НЕОТПАКУВАН ЗА МОЖНИ ОШТЕТУВАЊА НА САМОТО ПАКУВАЊЕ И ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ УПАТСТВАТА ПРИЛОЖЕНИ КОН ПРОИЗВОДОТ ДОКОЛКУ ИМА ЗА ИСТИТЕ! Со оваа гаранција производителот на производот, преку РИКОРП ГРУП ДООЕЛ како продавач, увозник или извршител на гаранцијата во Република Северна Македонија, гарантира за исправноста на производот и истотака нуди бесплатна поправка согласно правата на купувачите и другите услови наведени во овој гарантен лист.
ГАРАНТНИ УСЛОВИ - Гарантниот рок започнува да тече од денот на предавањето на производот на купувачот и трае за секој производ определен број месеци. Со оваа гаранција Ви гарантираме дека производот односно предметот на гаранцијата ќе функсионира без маани или некакви несакани технички или материјални грешки односно недостатоци, овие видови на материјални недостатоци ќе бидат бесплатно поправени од наша страна во рок од 20 до 30 работни денови. Доколку производот не може да се поправи или не биде поправен во рок од 30 работни дена ќе биде заменет со нов. Ако поправката на производот трае подолго од 10дена, гаранцијата се продолжува за времетраење од 30 дена од денот на поправката. Гаранцијата се признава само со приложување фискална сметка, гарантен лист кој мора да биде исправно пополнето од наша страна, со датум, печат и потпис на овластеното лице. За сите недостатоци што ги покрива гаранцијата, извршителот на гаранцијата ги поправа и се обврзува за исправноста на истите по поправката.
ГАРАНЦИЈАТА НЕ ОПФАЌА проверки, одржување и замена на потрошни материјали. ГАРАНЦИЈАТА НЕ СЕ ПРИЗНАВА ВО СЛЕДНИВЕ СЛУЧАИ - За оштетувања што се нанесени врз производот од вид на: горење, сечење, палење, допир со хемиски течности, кршење на конструкцијата, отварање на производот и слични надворешни дејствија. Ако купувачот не приложи исправен гарантен лист и фискална сметка. Ако купувачот не се придржувал до упатствата за употреба на производот. Ако производот бил отворан, преправан или поправан од неовластени лица. Ако дефектите кај производот биле предизвикани од виша сила, природни елементарни непогоди, пожар, поплава и сл. Ако дефектите настанале поради непрописна употреба или неправилен транспорт.Врз оваа гаранција се применуваат сите важечки законски прописи за правата на потрошувачите.


Враќање на производ

При достава купувачот е задолжен, во рок од четиринаесет (14) денови да го провери производот за исправноста и во случај да постојат некакви материјални недостатоци доколку постои некаква непогодност да ги извести продавачот во погоре наведениот рок, писмено или пак по електронски пат, за сите недостатоци односно дефекти на производот или друга причина за враќање на производот. Купувачот се согласува дека рок од четиринаесет (14) денови е доволен рок за проверка на производот и неговата исправност. Во писменото барање треба да се наведат сите релевантни информации околу производот, нарачката и причините за кои се смета дека производот не е исправен. Секој производ може да се врати во рок од четиринаесет (14) денови доколку истиот не е употребен, а се враќа врз основа на лични причини ( промена на мислење, незадоволни од изборот и слични лични причини со прикажување на фискална сметка или пак фактура доколку е издадена, на која се истакнати сите релевантни информации на продавачот односно издавачот на сметката кај кого се враќа производот. При враќање купувачот има право да побара замена со друг производ сличен, ист или истороден производ, или производ од иста или приближна цена со или без дополнителен надомест. Трошоците за враќање на производот ги сноси купувачот.
ПРОИЗВОДИТЕ КУПЕНИ ПО НАРАЧКА ОДНОСНО ПО ЛИЧНИ ЖЕЛБИ И СПЕЦИФИКАЦИИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ВРАТЕНИ.

Плаќање

Плаќањето на фактура е на 30 денови доколку не е одреден друг рок помеѓу страните. Доколку сумата не е платена во рок од 30 денови односно доколку е друг рок договорен помеѓу странитем тече маскималната законски одредена казнена камата од денот кога купувачот влегува во закаснување. Доколку настанат други трошоци врз основа на закаснетото плаќање од страна на купувачот, трошоците можат да бидат дополнително пресметани во плаќањето, како на пример судски трошоци или пак адвокатски трошоци.

Во случај на спор

Секој спор што може да произлезе помеѓу страните, надлежен ќе биде Основен суд Скопје 2 Скопје или пак арбитрерно доколку се постигне согласност помеѓу странките.