Враќање на производ
При достава купувачот е задолжен, во рок од четиринаесет (14)
денови да го провери производот за исправноста и во случај да постојат
некакви материјални недостатоци или доколку постои некаква непогодност да го
извести продавачот во погоре наведениот рок, писмено или пак по
електронски пат, за сите недостатоци односно дефекти на производот или
друга причина за враќање на производот. Купувачот се согласува дека рок
од четиринаесет (14) денови е доволен рок за проверка на производот и
неговата исправност. Во писменото барање треба да се наведат сите
релевантни информации околу производот, нарачката и причините за кои се
смета дека производот не е исправен. Секој производ може да се врати во
рок од четиринаесет (14) денови доколку истиот не е употребен, а се
враќа врз основа на лични причини ( промена на мислење, незадоволни од
изборот и слични лични причини со прикажување на фискална сметка или пак
фактура доколку е издадена, на која се истакнати сите релевантни
информации на продавачот односно издавачот на сметката кај кого се враќа
производот. При враќање купувачот има право да побара замена со друг
производ сличен, ист или истороден производ, или производ од иста или
приближна цена со или без дополнителен надомест. Трошоците за враќање на
производот ги сноси купувачот.
ПРОИЗВОДИТЕ КУПЕНИ ПО НАРАЧКА, ЖЕЛБА, МЕРКА ИЛИ СПЕЦИФИКАЦИЈА, ОДНОСНО ПО ЛИЧНИ ЖЕЛБИ И СПЕЦИФИКАЦИИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ВРАТЕНИ. БАРАЊЕТО ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ НА НАШАТА СТРАНИЦА, ДОКОЛКУ ВИ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ МОЖЕТЕ ПО МЕЈЛ ИЛИ ТЕЛЕФОНСКИ ДА НЕ ДОБИЕТЕ.